Шаќири: Спонтано дојде да шутирам директно од корнер – тоа е незаборавен момент!

Македонија и Англија двапати се судрија низ историјата на Островот и двапати црвено-жолтите останаа непоразени со ремија, прво 2-2 на „Сент Мери“ во Саутемптон, а потоа без голови на „Олд Трафорд“, но од пресметките досега веќно ќе се памети магичниот гол на легендарниот Артим Шаќири од – корнер.

На „Сент Мери“, Шаќири го пензионира тогашниот прв голман на Англичаните, Дејвид Симан, откако директно од корнер му даде гол, а Македонија во спектакуларен меч против една извонредна генерација со Дејвид Бекам, Стивен Џерард, Пол Сколс, Мајкл Овен не успеа да нѐ победи и ремизиравме 2-2, во еден од незаборавните мечеви во нашата фудбалска историја.

„Тој гол од корнер е нешто незаборавно, нешто што вечно се памети. Се сеќавам на тој меч многу добро, нормално најмноги на голот. Кога дојдов до корнер-знаменцето за да го изведам корнерот, сѐ беше така спонтано. Да бијам директно кон голот беше спонтана одлука, наместо да центрирам, се обидов да дадам гол. И топката влезе во мрежата, ние поведовме. Тоа е незаборавем момент. Потоа имавме и 2-1, на крај заврши 2-2, што за нас природно беше одличен резултат, зашто Англија беше така силна со Бекам, Џерард, Сколс, Овен...“, вели Шаќири.

Македонија утре ќе истрча повторно на „Олд рафорд“, безмалку две децении после последниот меч во домот на великанот Манчестер јунајтед, а Шаќири посоува дека можеби е дојдено време и првпат да се победи Англија.

„Со Англија двапати игравме и двапати ремизиравме. Можеби е време за победа, јас се надевам на тоа, иако нема да бидеме незадоволни и со трето реми. Англиските навивачи можеби не ги знаат македонските фудбалери, ама селекторот Герет Саутгејт сигурно знае сѐ за нив. Нема сомнение дека нашиот најдобар дел од тимот е средниот ред и триото Аријан Адеми, Енис Барди и Елиф Елмас“, додава Шаќири.

Мечот Англија – Македонија е утре од 20.45 часот.