Сејдини и 14-те величествени на албумот за ЕП 2021 (ФОТО)

Македонија едвај дочека да се пласира на едно фудбалско големо натпреварување, фудбалерите изгинаа на терен за да ни донесат огромно задововолство на сите нас во летото кое следува, но сето тоа паѓа во втор план зашто фотелјашите од ФФМ се појавија за да ни ја расипат забавата.

Вчера цел ден пишувавме за глупостите што ги прави УО на ФФМ и за сѐ поголемата недоверба на клубовите кон актуелната фудбалска власт.

Оттаму денеска ни текна да направиме наша верзија на албумот за самолепливи сликички на „Панини“. И така фотелјашите се наградија како тие да се најзаслужни, па еве тие нека бидат на албумот наместо Пандев, Елмас, Барди и компанија... 

Можете и вие самите да си направите своја омилена формација од овој состав...