Седум македонски репрезентативки заразени со Ковид-19!

Македонската женска фудбалска репрезентација се наоѓа во големи проблеми пред дуелот со Франција, откако на првите тестови беа откриени седум позитивни случаи на ковид-19, односно две фудбалерки на Каменица Саса и пет фудбалерки на Тиверија се во самоизолација и немаат никакви симптоми.

Кирил Изов, селекторот на женската репрезентација, поради тоа направи дополнување на тимот за мечот против Франција, па ги повика  Сара Коларовска (ЖФК Скопје 2014), Афродита Салихи (ЖФК Скопје 2014), Драгана Гегова (ЖФК Скопје 2014), Елена Петровска (ЖФК Скопје 2014), Сара Хусеин (ЖФК СЦ Истатов) и Ана Милчевска (ЖФК СЦ Истатов).

На вторите тестови на македонските репрезентативки не е откриен вирусот ковид-19 кај ниту една фудбалерка, ниту пак кај членовите на репрезентацијата.

Македонија ќе се пресмета против Франција во Скопје утре од 21 часот.