Ростов го испрати Тошевски на позајмица кај фенерџијата во Русија!

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Давид Тошевски, сезоната ќе ја доигра во дресот на Тамбов, последнопласираниот тим во руската елита, каде што е испратен на позајмица од неговата екипа Ростов.

Поранешниот фудбалер на Работнички и член на националните селекции за игра до 17, 18, 19 и до 21 година, минатото лето потпиша петгодишен договор со Ростов, каде што, сепак, не се избори за место на стандарден првотимце. Тошевски досега настапи на шест средби во дресот на рускиот суперлигаш, за кој се уште нема постигнато погодок.

„Романтичарите“ од продажбата на суперталентираниот фудбалер заработија милион евра.