Почнува ли една традиција: Кога Барди дава гол, Македонија не губи!

Македонскиот фудбалер за врска Енис Барди, членот на шпански Леванте полека започнува една традиција која јавноста посакува долго да трае, а вели – кога дава гол, Македонија не губи.

Барди беше дел од „златната генерација“ на младинската репрезентација и нејзина најважна алка за историскиот настап на Евро 2017 во Полска. Откако заврши со историски успех, направи трансфер во шпанската Ла Лига, „мајсторот за слободни удари“ се пресели во А-тимот и без него е незамислив ниту еден меч.

Во изминативе речиси две години откако е стандарден во А-тимот стигна да даде четири гола, денешниот против Словенија за ремито 1-1 и два на Лихтенштајн и едне на Гибралтар. И на сите четири меча Македонија не загуби.

Барди својот прв гол за националниот тим го даде на 9 октомври 2017 година во Струмица против Лихтенштајн за триумф со 4-0, а беше стрелец на третиот гол. Вториот го даде во Вадуц во Лигата на нации, кога ја најави победата од 2-0 на 16 ноември лани, а третиот три дена подоцна во Скопје кога постигна мајсторски еврогол за да ја најави убедливата победа над Гибралтар со 4-0. Вечерва погоди за ремито 1-1, бод кој е голем за Македонија и одличен старт во овие евроквалификации.

Нема сомнение дека сите навивачи посакуваат Барди да продолжи да дава голови, а со тоа Македонија чекор по чекор да стигне до историски настап на Евро 2020, која е цел на оваа репрезентација.