Облак: Македонија е добра селекција, но дојдовме да ги освоиме трите бода!

Еден од најдобрите голмани на светот во моментов, Јан Облак (Атлетико Мадрид) посочи денеска пред мечот со Македонија, дека Словенија е дојдена за да ги освои трите бода и да го продолжи патот кон Евро 2020.

Облак е една од двете најголеми ѕвезди на Словенците, заедно со Јосип Иличиќ и предвидува интензивен и возбудлив меч утревечер на Националната Арена „Тодор Проески“.

„Очекуваме добар меч, а се надевам дека на крајот ќе биде сè како што треба. Ние дојдовме во Скопје да ги освоиме бодовите и да се покажеме во вистинско светло. На минатиот меч со Македонија не одигравме како што се очеуваше, одигравме реми, но на тој првиот меч Македонија покажа дека има моќен и добар тим, сега ќе игра дома, пред свои гледачи. Но, ние повторувам доаѓаме за да ги освоиме трите бода. Се радувам на утрешниот меч“, вели Облак.