Неверојатни 87.500 евра премија за директорот на А-тимот, портпаролите делат 25.000!

Ако за висината на премиите кои македонските фудбалски репрезентативци ги добија за пласманот на ЕП никој не можеше и не смееше да најде замерка, тогаш за поделбата на останатите пари некој дебело треба да се подзамисли што направил. 

Спорт1 ексклузивно дојде до деталниот список за премирање и поделбата на 3.175.000 евра, каде што има неверојатно расипништво, кое и тоа како ќе ја разбранува јавноста во наредниот период. 

Така, директорот на А-тимот, Дени Масев, ќе инкасира 87.500 евра, секретарот на репрезентацијата Бојан Марковски ќе лапне 25.000 евра, а портпаролите Златко Андоновски и Фатон Зулбеари ќе ја поделат истата сума.

Во прилог, целиот список на премираните...