Милевски: Заслуживме многу повеќе, но горд сум како одигравме!

Македонскиот селектор Благоја Милевски и после поразот со 0-2 од Грузија по што ја загубивме битката за првото место и баражот, посочи дека сепак се гордее со начинот на кој одигра Македонија, додавајќи дека грешките се составен дел од фудбалот.

Македонија како и во Скопје на свои грешки загуби од Грузијците кои во двомечот во оваа трета сезона во Лигата на нациите вкупно загуби со 0-5 и противникот вторпат по ред преку Лигата на нации обезбедува бараж за пласман на Европско првенство.

„Ѝ честитам на Грузија за првото место и пласманот во баражот за Европско. Но, јас морам да бидам горд на момците како одиграа, иако загубивме на ист начин – на наши грешки. Грешките се составен дел од фудбалот и спортот, но секој треба индивидуално да работи на психолошката подготовка пред да дојде на собир на репрезентацијата. Вечерва заслуживме многу повеќе за разлика од Скопје кога одигравме добро едно полувреме. Мора да сме сконцентрирани во самата завршница и многу поконкретни. Денеска 90 минути бевме доминантни“, рече Милевски.