Македонија во црни маички пред мечот против Лихтенштајн (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација денеска во Вадуц ќе се соочи против Лихтенштајн во квалификациите за Светското првенство (СП).

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти дека натпреварот против Лихтенштајн ќе го игра во црни дресови, а фудбалерите ќе истрчаат на теренот во црни тренинг-маички.

ФФМ пред натпреварот објави и фотографија со тренинг-маичка на која е испишан датумот на најтажниот ден во поновата историја на Македонија, а тоа е 16.03.2025 кога загинаа младите лица во пожарот во дискотеката во Кочани.