Македонија со Трајковски и Миовски ќе го нападне Лихтенштајн (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација денеска гостува во Вадуц кај Лихтенштајн во првиот меч од квалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се одржи во 2026 година.

Селекторот Благоја Милевски на еден час пред натпреварот го објави составот со кој ќе ги нападне трите бодови во Вадуц.

На голот на Македонија ќе биде Димитриевски, додека во одбраната се Алиоски, Муслиу, Серафимов и Зајков. Во средниот ред ќе играат Елмас, Алими, Барди и Чурлинов, додека нападот ќе го предводат Трајковски и Миовски.