Македонија напредуваше две места на најновата ФИФА ранг-листа

Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа на 66.место на најновата ФИФА ранг-листа. Победата против Ерменија и ремито со Грузија во првите две кола во Лигата на нации ни донесоа напредок од две позиции во рангирањето. 

.Нашата репрезентација на 66.место има 1.351 бод и го делиме со уште две репрезентации, Албанија и Саудиска Арабија, кои имаат ист број бодови. Нашиот следен противник во полуфиналето од баражот за пласман на Европското првенство, Косово има пад од една позиција и моментално се наоѓа на 116-тото место на листата.

На врвот на листата нема промени помеѓу најдобрите четири репрезентации. Белгија е прва пред Франција, Бразил и Англија. Португалија влезе во ТОП 5, а потоа следуваат Уругвај, Шпанија, Хрватска, Аргентина и Колумбија.