Костовски со четврти сезонски гол за Лувен (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Јован Костовски погоди за екипата на Лувен по поразот од 2-1 на гостувањето кај Кортик во разигрувањето за Лигата на Европа во Белгија. 

Голгетерот погоди во 46-тата минута, кога неговиот тим веќе губеше со 2-0 и го постави конечниот резултат. За Костовски ова беше четврти сезонски погодок.