Италија очекувано ја освои Малта за бодовно да се израмни со Македонија (ВИДЕО)
Новото напаѓачко засилување од Аргентина, Матео Ратеги со гол после 15 минути игра на асистенција на Сандро Тонали ја најави победата, а Матео Песина ја дуплираше предноста и практично ја запечати победата по втора асистенција на мечот на Тонали, за „аѕурите“ без премногу мака да триумфираат кај аутсајдерот во групата.
Италија го загуби првиот меч во Неапол од Англија со 1-2, која денеска со 2-0 и тоа брзопотезно ја победи Украина, па по две кола, на табелата „Гордиот Албион“ е со максимални шест бода, Македонија и Италија имаат по три, а Украина и Малта се без бодови.
Италија во јуни нема да игра квалификации поради настапот на фајнлфорот во Лигата на нации во Холандија, па пресметките со Македонија се во септември и ноември, а во јунскиот циклус црвено-жолтите ги чека домашен меч со Украина и гостување на „Олд Трафорд“ во Англија.