Фудбалерите до 15 години подобри од Ерменија на турнирот во Молдавија

Репрезентацијата на Македонија на фудбалери до 15 години забележа победа во дуелот со Ерменија во рамките од УЕФА развојниот турнир кој се одржува во Молдавија.

Македонија беше подобар противник на теренот и заслужено дојде до триумфот од 2-1. Ерменските фудбалери си постигнаа автогол во 24. минута со кој дојдовме до предност. Со водство од 1-0 заминавме и на паузата.

Ерменија по еден час игра дојде до израмнување, а Македонија до победата дојде со гол од пеналч во 86. минута. Реализатор на најстрогата казна беше Павлов.

За Македонија овој дуел со Ерменија беше прв на турнирот.