ФФМ ги отвора вратите: Бесплатен е влезот со Летонија!
Влезниците претходно се продаваа по цена од 200 и 300 денари, и сите кои веќе купиле билет ќе добијат бесплатен за наредниот дуел кој Македонија ќе го игра дома, без разлика дали ќе биде бараж за Светско првенство ли од друг каракте.
„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја информира јавноста дека влезот за овој натпревар ќе биде слободен за сите навивачи.
Ова е наш начин да изразиме благодарност до сите поддржувачи за нивната безрезервна поддршка во текот на целата година.
Истовремено, сите оние кои веќе купиле влезница за овој натпревар ќе добијат бесплатен билет за следниот домашен натпревар на репрезентацијата, без разлика дали ќе се работи за бараж за пласман на Светското првенство или за натпревар од друг карактер.
Ве покануваме заедно да создадеме уште една убава атмосфера и да им дадеме силна поддршка на нашите фудбалери на последниот натпревар пред домашната публика оваа година и поттик за квалификацискиот меч против Велс во Кардиф“, соопштија од федерацијата.