Елмас: Македонија е големо срце, татковина, мајка – за неа сè би дал!
Неизмерна беше радоста на големата иднина на македонскиот фудбал, кој го повлече нападот и ја скрои акцијата, по која Горан Пандев синоќа го даде голот за историја и пласман на ЕП, а Елмас во изминативе години на десетици пати покажал колку ја сака својата земја, играјќи во една година за сите можни национални селекциии. Химната ја пее полн со емоции, игра оро на „Бисер Балкански“, се „претвара“ и во добриот дух Каспер со македонското знаме...
Бисерот на Македонија уште лани откако беше прогласен за најдобар странски фудбалер кажа колку и што му значи Македонија.
„Македонија е нешто што многу значи. Прво, Македонија е едно големо срце! Потоа татковина, мајка... За Македонија сè би дал. И ова не го зборувам само колку да го кажам, туку е нешто што го чувствувам. Многупати досега го покажав тоа дека би играл за сите селекции. Ако треба и ако можам пак ќе играм за сите селекции – до мојот последен здив! И на сите играчи им велам дека треба да ја сакаат својата држава како што ја сакам јас и да уживаат во тоа“, рече Елмас кон крајот на минатата година.
Елмас е примерот дека националноста е најмалку важна кога се игра и се гине за својата држава.