Елиф Елмас и џиновскиот звучник се хит во Букурешт! (ВИДЕО)

Одамна е познато дека во македонската фудбалска репрезентација атмосферата е сјајна, ама на Европското првенство во Букурешт, каде националниот тим е веќе трет ден пред дебито на големата сцена, па сето тоа е очигледно откако ѕвездата на Наполи, Елиф Елмас донесе – џиновски звучник.

Фудбалерите се во балон, не смеат да мрднат од хотелот поради ковид-безбедност, па Стефан Ристовски утривана посочи дека се како во затвор. За да им биде полесно, очигледно се погрижил Елмас, кој со џиновскиот звучник е главен за добра атмосфера.

Во хотелот ечат песни од Гоце Арнаудов, па може само човек да замисли како е во секој момент кога фудбалерите немаат активности, тренинг, прес-конференции, сликања...