Деби со пораз: Тошевски доби десетина минути, но не го спаси Ростов од пораз!

Македонскиот суперталент Давид Тошевски вечерва дебитира во дресот на Ростов и тоа со пораз на домашен терен во пресметката со актуелниот руски шампион Зенит (0-2).

Нашиот фудбалер средбата ја почна од клупата, а во игра влезе во 85. минута, кога неговиот тим имаше еден гол негатива, со цел да проба да ја изненади противничката одбрана. Тошевски во десетината минути на теренот (заедно со дополнителното време) не успеа да дојде до гол-шанса, а во меѓувреме противникот успеа да постигне уште еден погодок.