Чурлинов испрати емотивна порака до Пандев (ФОТО)

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го игра последниот натпревар во националниот дрес, а неговиот помлад колега Дарко Чурлинов испрати емотивна порака преку социјалните мрежи.

Репрезентативците се збогуваат од нивниот капитен, чија репрезентативна кариера дојде до самиот крај, а Чурлинов се потсети на првиот пат кога бил на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

„Првпат кога ме однесе татко ми на Градски стадион, ти се восхитував, а сега за последен пат сум со тебе на теренот додека го носиш светиот дрес за последен пат, огромна е честа Гранде Пандев“, напиша Чурлинов.