Чиле убедлив против Јапонија (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Чиле, синоќа убедливо со 4-0 ја совлада Јапонија во првото коло од групната фаза на Копа Америка. Чилеанците кои ја бранат титулата полесно од очекувањата стигнаа до победата над „самураите“. Стрелци на головите беа Пугар, Санчез и Варгас кој постигна два погодоци.