Божиновски доби повик да игра за Македонија: Ова е голема чест за мене!

Фудбалерот на Мелбурн виктори, Метју Божиновски беше повикан во репрезентацијата од страна на селекторот Благоја Милевски за дуелот против Словенија, кој е закажан за 3 јуни.

Дефанзивецот заигра на шест меча во стартниот состав за австралиската екипа, а по повикот во репрезентацијата на Македнија кажа дека е возбуден што ќе го носи македонскиот дрес.

„Возбуден сум и не знам што да очекувам. Ова е неверојатна шанса да се игра на кампот и се надевам дека ќе бидам избра за квалификациските натпревари во септември“, вели Божиновски.

Божиновски е роден во Австралија, па може да ја претставува Македонија затоа што неговите родители се од нашата држава.

„Моето семејство потекнува од Македонија, па поради тоа добив повик од репрезентацијата, кој веднаш го прифатив. Ова е голема чест за мене. Имам многу пријатели од Македонија и роднини, па ќе биде возбудливо за сите“, кажа дефанзивецот.