
Бобан Николов се враќа за мечот со Романија
Николов беше првотимец и кога Милевски ја водеше младата селекција, беше неизоставен дел и во периодот на најголеми успеси на А-тимот, па за пресметката со Романците, новиот селектор најавува негово враќање, зашто во средниот ред и тоа како е потребен голем борец кој не се штеди на ниту еден меч.
„Николов беше под посебен режим и беше поштеден на овие два меча, зашто касно дојде во Шериф, па потоа излезе од изолација за да ѝ се стави на располагање на репрезентацијата, па сега е на завидно физичко ниво и сега ќе биде во конкуренција за следниот меч“, ситакна Милевски.