Без промени на ФИФА-листата: Македонија со ист ранкинг како и во 2019 година

ФИФА денеска ја објави првата ранг-листа за 2020 година, а очекувано нема некои промени, па истото важи и за Македонија, која останува на 68-то место. 

Со оглед дека во зимскиот период немаше натпревари на репрезентативно ниво, затоа и нема промени во пласманите на репрезентациите. Ние го задржуваме истиот ранкинг со кој и ја завршивме минатата година со 1.347 поени.

Нашиот следен противник во баражот од Лигата на нации за пласман на Европското првенство, Косово се наоѓа на 115.место на ФИФА-листата.

Очекувано нема промени ниту на врвот, Белгија е лидер пред Франција и Бразил. Англија е четврта, Уругвај е петти, а најдобрите десет ги комплетираат, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.