Барди за два месеци даде повеќе голови од слободен удар од Роналдо за цела ланска сезона (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди набрзина покажа во најсилната светска лига, шпанската Ла Лига дека е квалитет и за поголеми клубови од малиот Леванте, каде пристигна за 1,5 милиони евра од унгарски Ујпешт. Барди вчера даде нов гол од слободен удар за да ја потврди победата на неговиот тим против Реал Сосиедад, што е трет погодок за фудбалерот за врска во сезоната.

Но, Барди уште во предсезоната најави дека ќе биде вистински хит и воопшто не е изненадување, што со овации од навивачите е дочекана секоја можност од слободен удар тој да се закани. Барди набрзина ги овои срцата на своите навивачи, но и на љубителите на фудбалот на Стариот континент, кои веќе го прогласуваат за „трансфер на годината“, па дури и некои бараат да му се обнови договорот и да се зголеми клаузулата до 100 милиони евра за големите екипи не го украдат за мали пари. Севилја, Валенсија, Бетис се само дел, кои по два месеци претстој веќе покажаа интерес за него за зимскиот преоден рок во јануари.

Макеоднскиот репрезентативец официјално беше претставен во Леванте на 18 јули и оттогаш постојано е во фокусот на најпрестижните спортски весници и медиуми на Пиринеите.

Кристијано Роналдо е најдобар светски фудбалер и освен со Лионел Меси, не постои друг играч во моментов кој може да се спореди со португалската машина за голови. Но, ако се земат само слободните удари, тогаш Роналдо, иако е најдобар може да му завидува на Барди. Едноставно, затоа што Барди за два месеци за Леванте, сосе предсезоната даде речиси двојно повеќе голови од слободен удар (пет), отколку Роналдо за цела ланска сезона (вкупно три). И ако се гледа по мајсторството на изведување (преку жив ѕид), тогаш Барди го јаде Португалецот, кој на два од трите ги даде „на сила“ со бомбастичен удар.

Вчера на Реал Сосиедад му даде гол, откако навивачите го извикуваа неговото име за да го изведе ударот. И, Барди – погоди.

Барди првиот гол во Ла Лига го даде од слободен удар против Ла Коруња.

Пред да почне сезоната постигна три прекрасни голови од слободни удари, меѓу кои еден на Вилјареал.

Кристијано Роналдо во минатата сезона даде 42 гола, од кои два во финалето во ЛШ. Постигна голови од слободен удар против Спортинг Лисабон, кој е негов најубав од вакви удари, еден со Атлетико Мадрид и еден со Селта Виго.

Ова се 40-те гола на Роналдо (недостигаат двата во финалето во ЛШ со Јувентус) во минатата сезона. Головите од слободен удар се вториот во сезоната, осмиот и 19-от.