Европа воодушевена од Барди: Ова ни Меси не го може! Сега вреди 100 милиони!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди дефинитивно е хит во Ла Лига. Четврти меч (не играше со Реал Мадрид), трет гол, втор од слободен удар за дебитант во најсилната шпанска лига. И по новиот еврогол на македонскиот фудбалер за врска за Леванте, кој патем сè уште е непоразен заедно со најголемите имиња на Пиринеите, Европа не штеди пофалби за Барди.

Новинари на популарни фудбалски магазини, навивачи, обични љубители на фудбалот се воодушевени од Барди. Симон Харисон е фриленсер и соработник на „Фор Фор Ту“, кој по голот едноставно не можеше да најде зборови како да го опише воодушевувањето.

Други пак веќе му порачаа на Леванте да го обнови договорот и да стави клаузула од 100 милиони евра, затоа што гигантите веќе почнаа да тропаат на вратата на клубот за македонскиот репрезентативец, кој дојде од Ујпешт за 1,5 милиони евра.

Посебно интересен е и коментарот - „Размена Кутињо за Барди“. Ливерпул за Кутињо одби од Барселона преку 150 милиони евра.