Македонската фудбалска репрезентација пристигна во Букурешт, Романија, каде на 13 и 17 јуни ги игра првите два натпревари во рамки на групата Ц на Европското првенство. 

Нашите фудбалери по слетувањето на аеродромот веднаш го развиорија македонското знаме. На нашиот официјален автобус на континенталниот турнир стои името Северна Македонија.