Атанасов: Одигравме храбро, не е важно дали јас дадов два гола!

Македонските репрезентативци до 21 година запишаа шест бода по две кола во квалификациите за Европското првенство во 2021 година, откако денеска славеа против Црна Гора во Подгорица со 2-1.

Капитенот на репрезентацијата, Јани Атанасов одигра одличен меч против Црногорците, па постигна два гола за македонската селекција.

„Сакам да им се заблагодарам на соиграчите за победата против Црна Гора. Морам да признаам дека одигравме храбар меч и среќни сме што победивме. Постигнав два гола, но тоа за мене не е толку важно, колку победата на Макеонија. Се надевам дека ќе продолжиме во ист правец“, порача Атанасов.