Арнаутовиќ: Македонија е многу опасна, цела нација е со нив - ептен се мотивирани

Еден од најискусните фудбалери на Австрија, Марко Арнаутовиќ пред настапот на Еуро 2020 зборуваше за првиот натпревар од групната фаза кој ќе го одиграат против Македонија.

Арнаутовиќ го испофали македонскиот капитен Горан Пандев, со кој соработуваше во екипата на Интер.

„Пандев ми е могу добар пријател. Многумина го отпишаа поради неговите години, но вие може да видите што може да направи и колку е добар“, кажа Арнаутовиќ.

Австрискиот репрезентативец покажа и голема почит за македонските фудбалери, кои за првпат ќе настапат на Европското првенство (ЕП).

„Секој кој е дел од ЕП, заслужил да биде тука и може да игра одлично. Македонија е многу опасна, па ќе мора да го дадеме максимумот на теренот. Овој меч ќе биде поразличен од претходните. Македонците имаат самодоверба и ќе бидат мотивирани затоа што цела нација е со нив“, вели Арнаутовиќ.