Аријан Адеми ги пропушта и октомвриските квалификации?

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми вчера предвреме го напушти дуелот на Динамо Загреб со Оријент во рамки на хрватскиот фудбалски куп. 

Фудбалерот од средниот ред се пожалил на повреда на бутниот мускул, а во следните неколку денови ќе се знае сериозноста на истата. Адеми пред извесно време се врати од пауза поради повреда и сега не е јасно дали повторно ќе отсуствува од терените.

Ова секако е лоша вест за селекторот на Македонија, Благоја Милевски за претстојните откомвриски натпревари поритив Лихтенштајн на гостински терен и со Германија во Скопје. 

Адеми ги прескокна трите натпревари во септемврискиот циклус против Ерменија, Исланд и Романија.