
Алиоски: Тука го остваривме сонот, сега дојдовме по нов успех!
Македонија против Грузија ќе брка џиновска победа поради убедливите 0-3 во јунскиот меч во Скопје, а Алиоски потенцира дека тој пораз не е вистинското лице на Македонија и дека утре попладне ќе го покажат во судирот со актуелниот лидер.
„Многу добро го познаваме овој стадион, тука го остваривме сонот и сега повторно сме тука за нов успех. Знаеме каков е квалитетот на противникот, знаеме дека и атмосферата ќе биде поинаква од тој меч во финалето, ама навивачите се навивачи, а ние на теренот треба да покажеме кој е подобар. Поразот пред неколку месеци во Скопје многу нѐ чинеше, ама тоа не беше нашето вистинско лице. Сега дојдовме да покажеме дека знаеме да одиграме многу подобро“, рече Алиоски.
Популарниот Џани посочува дека нема потреба од дополнителна мотивација, зашто самиот национален дрес е мотивација сам по себе.
„Јас сум еден од постарите, што се вели и секој кој е повикан за репрезентацијата треба да е мотивиран. Ако е потребна мотивација од друг кога играш за репрезентација, тогаш...“, додаде Алиоски.