Зидан се премисли околу Хамес: Колумбиецот го импресионирал на тренинзите

Се чинеше дека кариерата на Хамес Родригез во Реал Мадрид е завршена, откако Колумбиецот во текот на подготвителниот период не одигра ниту еден натпревар. 

Колумбиецот беше поврзуван со трансфери во Атлетико Мадрид и Наполи, но од тоа не испадна ништо. Реал Мадрид беше расположен да го продаде, но не по секоја цена.

Шпанските медиуми сега објавуваат дека Зинедин Зидан би можел да му даде шанса на Родригез во првиот тим. Наводно Французинот бил импресиониран од професионализмот на фудбалерот за време на тренинзите и работел напорно изминатиот период.

Родригез изминатите две сезони ги мина на позајмица во Баерн Минхен, кој одлучи да не ја искористи опцијата целосно да го откупи неговиот договор. Колумбиецот пристигна во Реал Мадрид 2014 година од Монако за 70 милиони евра.