Зидан испиша нова страница во историјата на Реал Мадрид

Реал Мадрид денеска го совлада Еибар со 3-1 во рамки на 28.коло во Ла Лига, а за тренерот Зинедин Зидан тоа беше јубилеен 200-ти натпревар на клупата.

Французинот стана само третиот тренер во историјата на „кралевите“ со волкав број натпревари, по Висенте дел Боске и Мигел Муњоз. Зидан денеска ја оствари и 132-та победа, а има освоено и 10 трофеи.

Дел Боске има 246 натпревари на клупата на Реал во три наврати, додека Муњоз е тешко достижен со 605 натпревари во периодот од 1959 до 1974 година.