Зидан ги издиктира петте имиња кои ги посакува во составот

Зинедин Зидан вчера и официјално беше промовиран за нов тренер на Реал Мадрид. Јасно е дека Французинот ќе има сосема поинаков тим за наредната сезона, а новиот предводник на „кралевите“ веднаш ги соопшти своите желби.

Зидан не планира револуција во Реал, но сепак состави список од пет имиња, меѓу кои двајца се очекуваат да завршат во Реал. На списокот се Килијан Мбапе, Еден Азар, Садио Мане, Лукас Ернандез од Атлетико и Пол Погба.

Најреално е доаѓањето на Азар, ако Белгиецот го притисне Челси и ги стави во безизлезна ситуација, договорот му истекува во летото 2020. Исто така, Лукас Ернандез би можел да биде откупен од Атлетико, иако се шпекулира дека има преддоговор со Баерн.

Јасно е дека освен неколку засилувања, Зидан нема драстично да го менува тимот. Се очекува и заминување на Герет Бејл кој уште одамна е во лоши релации со Французинот.