Зидан дозна кога на теренот ќе се врати Модриќ

Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ се рехабилитира од повредата поради која ги пропушти натпреварите против Мајорка и Галатасарај, а денеска дозна одлични вести.

Медицинскиот тим на „кралевите“ му соопштиле на Зинедин Зидан дека Модриќ ќе се врати на теренот за една недела, односно во мечот против Леганес.

Хрватот во средата тренираше со соиграчите во спортскиот центар на „кралевите“, а тоа воедно му беше прв тренинг по неговата повреда.