Зидан: Ако не направиме тим каков што сакам, пак ќе си заминам!

Реал Мадрид утре го игра последниот меч од шпанската Ла Лига и Зинедин Зидан се подготвува за идната сезона, а најактуелна тема се засилувањата, но Французинот пред мечот против Бетис одби да зборува за тоа.

Меѓутоа, Французинот меѓу редови испрати предупредување до управата.

„Ќе ми биде јасно кој ќе игра кога ќе почне идната сезона. Тоа е моја одлука. Што мислите, кој е задолжен за екипата? Јасно е како ден - јас сум тренер и секогаш го правам тоа што сакам, а ако не можам, тогаш ќе се откажам. Постојат многу шпекулации, но на лето ќе се знаат повеќе информации“, кажа Зидан.