
Жоржињо утна пенал, Кепа се посрамоти: Ливерпул го победи Челси во Лондон (ВИДЕО)
Во финишот на првите 45 минути Кристенсен доби црвен картон, а на стартот на второто полувреме Садио Мане со глава стрелаше за 1-0.
Само четири минути подоцна Мане со уште еден гол, по грешката на Кепа Аризабалага зголеми на 2-0.
Жоржињо имаше шанса да намали на 1-2 во завршницата од дуелот, но Алисон Бекер беше одличен и го одбрани неговиот шут.
По две одиграни кола Челси има три бодови, додека Ливерпул има шест освоени бода.