Жирона испушти победа, Барселона се спасуваше од срам (ВИДЕО)

Барселона ја прекина победничката серија, откако денеска со големи маки ремизираше против Жирона (2-2) .

Лионел Меси го отвори одлично натпреварот против Жирона, откако постигна гол во 19. минута и донесе почетно водство за домаќините, но 15 минути подоцна Клемент Ленгле направи глупост и доби црвен картон.

Кристијан Стуани го израмни резултато во 45. минута, а во вториот дел истиот играч погоди и за пресврт и водство на Жирона од 1-2.

Сепак, Каталонците успеаа да се спасат од пораз со погодокот на Жерар Пике во 63. минута и така ја прекинаа победничката серија.

Во моментов на врвот се наоѓа Барселона со 13 освоени бодови, колку и Реал Мадрид, но Каталонците имаат подобра гол-разлика.