Затворска казна за претседателот на турскиот клуб кој тепаше судија!

Поранешниот претседател на турскиот клуб Анкарагучу, Фарук Коџа доби затворска казна поради физичкиот напад врз судијата Халил Умут Мелер.

Станува збор за инцидент од минатата сезона кој се случи меѓу екипите на Анкарагучу и Ризеспор. Тогаш Коџа го удри судијата со бокс во глава по крајот на мечот. Влегоа и навивачи кои го дотепаа судијата Мелер додека тој беше на земја. 

Следуваше привремен прекин на првенството, Коџа си поднесе оставка од претседателската позиција во клубот и против него беше покрената постапка.

Судот сега му изрече затворска казна од три години и седум месеци.

Своевремено клубот беше казнет со два милиони турски лири (околу 53.000 евра) и пет натпревари без публика.