Затоа вреди над 100 милиони евра: Санчо урна рекорд стар половина век во Бундеслигата (ФОТО)

Два меча, два гола, две асистенции. За тинејџерот Џејдон Санчо, англиски репрезентативец кој има само 19 години, веќе цела една година се зборува како идна суперѕвезда на фудбалскиот хоризонт, па не е ни чудо што после стартит во Бундеслигата, цената на Англичанецот е – над 100 милиони евра.

Во Борусија Дортмунд дојде за скоро 10 милиони евра, а досега има скор од 22 асистенции и 17 гола или бил „главен виновник“ за 29 од последните 58 погодоци на „милионерите“ во сите натпреварувања. Санчо со нов гол и асистенција вчера придонесе да се освои Келн, а сето тоа го одведе во историјата на Бундеслигата.

Со 19 години и 151 ден стана најмладиот фудбалер во историјата на најсилната германска лига, кој успеал да стигне на оваа возраст до 15 погодоци. Претходно рекордот го држеше Хорст Кепел од далечната 1967 или пред 52 години.

За Санчо од поодамна има голем интерес, ама како тргнало момчето кое лани играше и во Скопје, па уште и доживеа пораз од македонските таленти предводени од Елиф Елмас (елитни квалификации на селекцијата до 19 години) великаните ќе треба да „истресат“ многу повеќе од 100 милиони евра за да го ангажираат