За Лил нема криза после корона: Очекуваат 160 милиони евра од продажба на играчи!

Француски Лил нема да има проблем да ја преброди финансиската криза после ударот на коронавирусот, зашто има богатство во своите редови од играчи, од чија продажба очекува сериозна сума на пари.

Лил е еден од француските клубови кои имаат сериозна школа и преку која веќе почнаа да продаваат многу фудбалери, а според „радио Монте Карло“ во финансискиот план кој го доставиле до надзорниот одбор на клубот, предвидено е дека во најбрз рок ќе имаат 150 до 160 милиони евра заработка од продажба на фудбалери.

Виктор Осимехен и Габриел е двоецот кој веќе се поврзува со трансфер во Наполи, како соиграчи на Елиф Елмас, а сумата за која италијанските медиуми ја најавуваат дека наполитанците ќе ја потрошат е 105 милиони евра.

Зеки Целик, Бубакари Сумаре и Џонатан Иконе, исто така се во фокусот на многу европски клубови, па нема да иде изненадување ако Лил продаде сè што е вредно во моментов и така сериозно да заработи, а патем да ја покрие дупката која се направи после паузата и ударот на Ковид-19.