Врескаа зошто Левандовски не е „златна топка“, а сега не го избраа ни најдобар во Баерн!?

Кога Лионел Меси пред крајот на ланската година ја доби „златната топка“ за најдобар светски фудбалер во избор на „Франс Фудбал“, цел свет, а посебно од Минхен врескаа како е можно Роберт Левандовски да не ја добие наградата, па ФИФА вторпат по ред му ја додели „Бест“ во својот избор.

Но, откако Полјакот реши да си оди од Баерн, заситен од доминацијата со Баварците, уривањето на еден куп рекорди, израмнувањето на дел на легендарниот Герд Милер, навивачите на Баерн му се налутија и сега заборавија на неправдата што францускиот магазин му ја нанесоа, па сега кога тие бираа најдобар играч за минатата сезона – не го избраа.

Иако Левандовски газеше и се изнадава голови, Томас Милер ја доби наградата за најдобар фудбалер на Баерн за изминатата сезона 2021/22. Полјакот заврши со 50 гола на 46 меча, а доби само 18 отсто од гласовите на навивачите. Да останеше Левандовски во Баерн сигурно ќе победеше со 85 отсто во гласањето, ама вака Милер со 26 отсто ја доби наградата.