„Во животот се грижам само за здравјето, Јуве не може постојано да напредува“

Јувентус синоќа успеа да извлече реми во дуелот против Милан во италијанскиот Куп. Кристијано Роналдо од пенал во финишот од мечот успеа да ги постави конечните 1-1, а „Старата дама“ повторно не играше најдобро и затоа тренерот Маурицио Сари доби критики.

Сари не е загрижен поради тоа што неговата екипа не игра најдобро, па кажа дека во моментов го мачи само здравјето.

„Единствена вистинска грижа во животот ми е здравјето. Ова е спорт, не може тимот постојано да напредува. Примаме голови кои треба да ги избегнеме. Сега сме во слаба форма, но за 15 дена ќе бидеме повторно одлични“, вели Сари.