Во Неапол се продава тоалетна хартија со ликот на Кристијано Роналдо (ФОТО)

Доаѓањето на најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо во Јувентус за 105 милиони евра од Реал Мадрид предизвика земјотрес на фудбалската сцена, посебно во Торино, но тоа доаѓање на Португалецот доби поинаква димензија во Неапол, градот на еден од најголемите ривали на „старата дама“ Наполи.

На улиците на Неапол веќе почна да се продава тоалетна хартија со ликот на Роналдо облечен во дресот на Јувентус.