Во најлошата сезона, Манчестер јунајтед имаше најголем приход!

Минатата сезона Манчестер јунајтед заврши на 15. место во Премиер лигата, што е нивниот најлош пласман во последната 51 година во најдобрата англиска лига, но тоа не се одрази на нивните приходи.

Манчестер јунајтед денеска ги објави резултатите за финансиската година која завршува на 30. јуни 2025 година, и се пофалија со рекордни приходи.

И покрај тоа што резултатите беа очајни, клубот инкасирал приход од дури 666,5 милиони фунти.

Сепак сезоната е завршена со загуба од 33 милиони фунти, но ова е големо намалување во однос на претходната сезона кога загубата беше 113,2 милиони фунти.

Клубот од Олд Трафорд исто така очекува сезоната 2025/26 да биде полоша, проектираните приходи се движат помеѓу 600 и 640 милиони фунти.