Витсел е нов фудбалер на Атлетико Мадрид

Аксел Витсел ќе ја продолжи кариерата во редовите на Атлетико Мадрид и за шпанскиот тим ќе потпише едногогодишен договор. 

На Белгиецот му заврши соработката со Борусија Дортмунд по четири сезони и вкупно одигра 145 натпревари. Не се договори со клубот за продолжување на престојот на „Сигнал Идуна парк“, па 33-годишниот фудбалер од средниот ред ќе се испроба во Ла Лига. 

Во својата кариера Витсел играше и за Стандард Лиеж, Бенфика, Зенит, Таинџин во Кина и од 2018 година го носеше дресот на Борусија Дортмунд.