Виера ги загуби нервите, па почна да шутира навивач сред терен (ВИДЕО)

Евертон со неверојатен пресврт (3-2) го совлада Кристал Палас и обезбеди опстанок во Премиерлигата, а навивачите на „карамелите“ од среќа втрчаа на теренот, по што се случи инцидент кој го остави резултатот во сенка.

Навивачите на Евертон го провоцираа тренерот на Кристал Палас, Патрик Виера, кој мирно се движеше по теренот, но очигледно еден од фановите на победничкиот тим претера, па поранешниот фудбалер ги загуби нервите и почна да го шутира сред терен.