Венгер: Арсенал го загуби духот откако го напушти „Хајбери“

Легендарниот француски тренер Арсен Венгер, кој мина 22 години на кормилот на лондонски Арсенал призна дека „топчиите“ го загубиле духот откако во 2006 година го напуштија својот дом „Хајбери“ и се преселија 500 метри подалеку на супермодерниот „Емирати“.

Венгер беше творец на генерацијата „непобедливи“ која на почетокот на 21-от век доминираше во Премиерлигата и постојано беше кандидат за шампионскиот трон, а во 2006 година стигна и до финалето во Лигата на шампионите. Но, од преселбата од „Хајбери“, Арсенал повеќе од деценија е се помалку конкурентен во англиската Премиерлига, а трофеите се помалку ги има во витрините.

„'Хајбери' беше нешто слично на 'Енфилд', тој стадион имаше посебен дух. И кога се преселивме, никогаш не го најдовме тој дух. Нашиот арсеналов дух си остана на 'Хајбери'. Тој никогаш не се појави, не се реинкарнира. И сето тоа беше од безбедносни причини. Сега поради модерните трендови, трибините не се повеќе исти како што беа, атмосферата е многу поинаква во однос на нашиот 'Хајбери'“, рече Венгер.