Вардар немаше среќа – го доби најтешкиот ривал во четврт-финалето од Купот!

Фудбалерите на Вардар ќе ја имаат улогата на домаќин во четврт-финалната пресметка од Купот на Македонија, но од другата страна ќе го имаат најтешкиот ривал кој можеше да го добијат на денешната ждрепка – лидерот по есенскиот дел од првенството, тимот на Силекс.

Ова ќе биде реприза на последниот дуел пред зимската пауза, во кој кратовци со минимална победа дојдоа до првото место на табелата. Кратовци се незгоден ривал за најголемиот македонски спортски бренд, со оглед што немаат пораз во последните шест натпревари (три победи и три нерешени), додека последниот триумф на скопјани во меѓусебните средби е уште пред две ипол години.

Екипите на Брера и на Шкендија имаат најголема среќа со оглед што за ривали добија второлигаши и тоа Аресими (дома) односно Детонит (гости). Интересна ќе биде пресметката и помеѓу екипите на Струга и Гостивар. Средбите ќе се одиграат на 26 февруари следната година.