ВАР нема милост – третпат сезонава го исклучи Ристовски (ВИДЕО)

Новата видео-технологија ВАР како дополнителна судиска помош за арбитрите низ Европа, опасно му се наврте на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, па третпат го исклучи десниот бек сезонава во мечевите за Спортинг Лисабон.

Ристовски со помош на ВАР заработи директен црвен-картон за удирање на противнички фудбалер без топка, па веројатно сега и ќе се соочи со поголема казна со која можно е сезоната и да заврши сооглед дека има уште едно коло до крајот.

Ристовски претходно двапати беше исклучуван непосредно пред дербијата со Бенфика, ама сега од дисциплинската комисија зависи дали може да добие суспензија и да не го игра финалето на Купот на 25 мај против Порто.