Ван Нистелрој: Ниту еден фудбалер не е како Меси - како да излезе од „Плејстејшн“

Лионел Меси и Кристијано Роналдо продолжуваат да бидат во фокусот на дискусија за многу фудбалски фанови.

Секако, Меси и Роналдо се најдобрите фудбалери во светот во последните десет години, но дебатата околу тоа кој е подобар од двајцата сигурно ќе продолжи и во наредните години.

Свое мислење даде и легендарниот холандски напаѓач Руд ван Нистелрој. За него, Меси е пред сите, и додаде дека тој е едноставно на друго ниво.

Ниту еден друг фудбалер не е на исто ниво како Лионел Меси. Кристијано Роналдо е голгетер, Андрес Иниеста „мозок“, Мохамад Салах, Садио Мане, Еден Азар и Калјан Мбапе се одлични. Сепак, Меси е се во еден играч. Тој како да излезе од „Плејстејшн“, изјави Ван Нистелрој.